На вечерашниот дуел од ЕХФ Лигата на шампионки помеѓу Вардар и романски Букурешт во С.Ц Јане Сандански се појавија и репрезенативците на Македонија. Тие му досенесоа среќа на црвено-црниот женски ракометен колектив кој издвојуваше тесна , но многу важна победа со романскиот преставник во елитната лига. Избраниците на Ивица Обрван беа бурно поздравени од публиката кога влегоа во храмот на црвено-црните. Вардар фанс ви носи неколку фотографии од нашите машки ракометни репрезенативци.