Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кастратовиќ: Победата со Букурешт, беше првиот чекор кон главната цел – Пенезиќ: Најважно е што освоивме 2 бода
Кастратовиќ: Победата со Букурешт, беше првиот чекор кон главната цел – Пенезиќ: Најважно е што освоивме 2 бода

Кастратовиќ: Победата со Букурешт, беше првиот чекор кон главната цел – Пенезиќ: Најважно е што освоивме 2 бода

По завршување на мечот помеѓу нашиот женски црвено-црн ракометен колектив и тимот на Букурешт на  прес-конференцијата присуствуваа шефот на стручниот штаб на вардарки Индира Кастратовиќ и Андреа Пенезиќ како преставник на девојките. Тие беа задоволни од постигнатиот резултат во овој тежок меч кој е прв во новата година за Жрк Вардар.

- Честитки  до екипата на Букурешт кои денес пружија добра игра која резултираше со тврд и тежок  меч. Почнавме многу нервозно на почетокот не дадовме 100% од своите можности, но најважно на крај што освоивме 2 бода, што беше пририотетна цел пред почетокот на натпреварот- изјави Пенезиќ.

Шефот на стручниот штаб на вардарки Индира Кастратовиќ им честиташе на своите избранички за победата, со напомена дека мора повеќе да се работи.

- Најпрво да му честитам на противникот за одличниот натпревар. Како што напоменав на прес-конферцијата пред почетокот на мечот Букурешт можеме да го добиеме само ако играме добро во текот на сите 60 минути, што денес се покажа како точно. На овој меч влеговме со малку стрес бидејќи ни беше прв официјален натпревар во новата година. Сепак најважно е што освоивме бодови, што беше првиот чекор кон пласман во најдобрите 8 екипи. Честитки до моите девојки за борбата која ја пружија на теренот, сепак морам да потенцирам дека мора повеќе да работиме во следниот период.

Нема многу одмор за црвено-црните девојки, веќе во следното коло од Л.Ш не очекува дерби-дуел со актуелниот европски првак на гости во Подгорица.

Следната недела не очекува меч со Будуќност и мислите мора да ги насочиме кон тој дуел. Најважно е да се фокусираме на нашата игра и да извлечеме што е можно повеќе бодови во оваа група. Секако дека нема да идеме со “бело знаме“ во Подгорица. Ќе го анализираме натпреварот во Унгарија помеѓу Ѓер и Будуќност и ќе се обидеме да ги спремиме девојките за овој меч- истака Кастратовиќ на прес-конференцијата по завршување на мечот.