Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно и Суслина го однесоа Вардар до победа во новата групна фаза

Лејно и Суслина го однесоа Вардар до победа во новата групна фаза

vardarfans

Исклучително тежок натпревар гледавме вечерва во С.Ц. Јане Сандански помеѓу екипите на Вардар и Букурешт. Со многу промени на резултатот и менување на водството на двете страни, сепак на крај подобро се снајдоа Вардарки кои ја забележаа првата победа во новата групна фаза со 22-21.

Први со погодок мечот во Јане Сандански го отворија ракометарките на Вардар со голот на Лекиќ во 30-сетата секунда од мечот. Романките ја консолидидираа одбраната и во наредните две минути дадоа два гола за 1-2, но Дембеле во следниот напад изедначи на 2-2 во 4 минута од дуелот. На нашиот гол Лејно одлична бележи две последователни интервенции и ги вади колешките за “стерилната“ игра во нападот. Во 6 минута контранапад за Букурешт тие поведуваат со 2-3, а Дембеле заработи две минути суспензија. Во нападот со играч помалку Индира ја внесе Лекиќ со маркер и изнудуваме пенал, но Пенезиќ го промашува што е казнето со гол за 2-4. Грубишиќ на голот на Букурешт реди одбрани и не оневозможува да се вратиме во игра, во 11 минута резултатот на семафорот е 3-5. Гостинките зголемуваат на максимални три плус 3-6 од пенал, а клупата на вардарки повикува минута одмор за консолидација на нашите девојки. Пенезиќ во следните два  напади со многу труд  намали на 5-6, потпомогната од Лејно која блескаше на голот. За само 100 секунди по тајм-аутот дојде изедначувањето 6-6 преку Кликовац. Во 18 минута конечно поведуваме повторно со 8-7 преку Лекиќ од пенал, по најголемото водств на гостинките од 3-6 правиме блескава серија 5-1. Лејно блеска со 6 одбрани а тоа го користи Радичевиќ која во контра зголемува на плус два најголемата предоност за вардарки на овој меч, во 20 минута резултатот е 9-7. Во продолжението по еден гол на двете страни, а Суслина од клупата влезе и одбрани седмерец. Вардар доаѓа до најголемата предност во 25 минута од три гола, со погодокот на Лекиќ од пенал за 11-8. Во наредните 3 минути гостинките даваат два гола и намалуваат на 11-10, а имаа и шанса за идедначување од пенал но повторно од клупата Суслина ги спасува вардарки. До крајот на првиот дел гостинките изедначуваат на 11-11 , Лејно кај вардарки блескаше во првиот дел со 7 одбрани, Лекиќ имаше 4 погодока.

Во вториот дел не успеавме да реализираме два напади, тоа безмилосно го казнија Романките за повторно да имаат предност од два гола разлика 11:13. Лејно продолжува во одлично темпо да брани на нашиот гол, додава веќе плус три одбрани во овој период, што и овозможуваат на Алтхаус со својот прв погодок да го намали резултатот, а во следниот напад и истиот да го израмниме. По неколку неискористени напади на двете страни, во 40 минута Букурешт има позитива од еден гол. Лејно ја бележи вкупно 14 успешна интервенција и го одржува својот тим во резултатска рамнотежа. Кликовац со својот втор погодок брзо прави преокрет на резултатот во корист на црвено-црните. Во наредниов период двете екипи се менуваа во водство, на десет минути пред крајот резултатот беше израмнет. Голманката на Букурешт исто така имаше свој ден и одлично го бранеше голот на Романскиот тим. Суслина ја заменува на голот супериорната Лејно, додека Пенезиќ успева да не донесе во ново водство од 20:19. Лазовиќ со вториот погодок ни овозможува да се одлепиме на два гола разлика. Суслина на голот на вардарки прави чуда и ги корегира изгубените топки во нападот. Алхаус зголемува на 22-19 за ерупција во Јане Санднски. Романките набрзина со два гола намалуваат на 22-21 во 29 минута од мечот. Вардар е во долг напад кој судиската двојка Викторија Кијаускаите и Аусра Залиене го окарактеризираа како пасивен, но искусниот Питлик побара минута одмор но Пенезиќ го промаши целиот гол. Сепак Суслина брани и ги руши надежите на романките, вардарки победуваат со 22-21.

Најдобри кај црвено црните се : Лекиќ со 5 гола , а Пенезиќ и Дембеле стрелаа по 4 пати. Сепак двоцот на голот Лејно-Суслина ги собра сите аплаузи денес во Јане Сандански.