Натпреварите во ракометната Супер Лига продолжуваат во месец февруари следната година, кога ќе треба да се доиграат останатите шест кола од регуларниот дел на сезоната. После тоа ќе започне и плеј-офот и борбата за освојување на шампионската титула.
Прв натпревар во пролетниот дел за Вардар на чело со Давид Дејвис ќе биде гостувањето во Автокоманда кај екипата на Металург. Вака изгледа распоредот и термините за последните шест кола од регуларниот дел.
17 коло: Металург – Вардар (03.02.2022)
18 коло: Вардар – Пролет (06.02.2022)
19 коло: Прилеп – Вардар (09.02.2022)
20 коло: Вардар – Е.Пелистер 2 (13.02.2022)
21 коло: Тиквеш – Вардар (20.02.2022)
22 коло: Вардар – Струга (27.02.2022)