Комити Запад дадоа свој прилог за Хуманитарна организација “Свети Спас”, по тој повод објавија на својата страница:
Искрени во делата, со целосна верба во она што отецот Оливер заедно со тимот, го прави за народот и особено за оние на кои таа подадена рака најмногу им значи.
Со вакви луѓе вербата е поцврста !
Цела трибина наредена со срца, кои и овој пат ги подаруваме, а за возврат насмевката е највозвишената и најпосакувана награда.
Комити за народот !