Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Почина легендата на ФК Вардар, Ванчо Трпевски

Почина легендата на ФК Вардар, Ванчо Трпевски

На 87. годишна возраст почина легендата на ФК Вардар, Ванчо Трпевски.

ВАНЧО ТРПЕВСКИ – Непроценлив е придонесот на Ванчо Трпевски во Вардар, тренер кој го посвети целиот живот на црвено-црните. Популарниот Чукаре за Вардар не одигра многу, само 16 мечеви но затоа тренерски се посвети од пионерите до сениорите.

Најголемиот дел од својот цел тренерски стаж го мина посветувајќи им најголемо внимание на младите категории во младинско-пионерската школа „Кирил Симоновски – Џина“. Беше и тренер на вардаровиот тим во втората шампионска генерација во сезоната 1993/1994.

Тажен ден за сите симпатизери на Вардар.