2021 година ќе ја паметиме по одличната година на навивачката група ,,Комити Запад”, кои уште еднаш покажа дека се тука за Вардар и во добро и во лошо. За одбележување е дека ,,Комитите” го спасија клубот од можен банкрот. Го распродадоа целиот стадион, (преку 30 илјади билети беа продадени) и со самото тоа придонесоа Вардар да живее. Започна сезоната, иако клубот игра во Втората по ранг лига во Македонија, присуствуваа на сите натпревари, дури и пријателски (има фото од Кавадарци). Да не заборавиме дека приредија и супер глетка на Градски, каде со преку 100 факели прославија распродажба на сите билети. Направија и одличен графит во Карпош 4 и уште многу, многу други позитивни работи во оваа 2021 година.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од оваа 2021 година: