Селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Хрвоје Хорват, го објави конечниот список на ракометари на кои ќе смета за претстојното Европско првенство кое во јануари ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
На списокот се најде играчот на Вардар, Анте Гаџа, кој ќе има можност да се докажува. Сепак неговата конкуренција на оваа бековска позиција е „пеколна„ со оглед дека во составот се и Дувњак и Циндриќ.
Изненадување е тоа што на конечниот список го нема поранешниот играч на Вардар, Игор Карачиќ.