Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Новогодишно интервју со Трајкоска: На пролет ќе ја напаѓаме „двојната круна“

Новогодишно интервју со Трајкоска: На пролет ќе ја напаѓаме „двојната круна“

 ЖРК Вардар, замина на „зимување“ како лидер кој ќе пренесе максимални бодови во плеј-офот од групата-Б. Еден од најдобрите поединци, македонската младинска репрезентативка, голманката со најдолг стаж во тимот, одличната Јована Трајкоска за нашите фанови даде кратко предновогодишно интервју.

 За почеток на оваа изјава бараме оцена на есенскиот дел од нашиот голман, за кој оваа сезона 2021/2022 почна навистина рано, Трајкоска ги бранеше боите на Македонија, таа беше најдобар младински голман на нашата селекција на ЕХФ-шампионатот во Скопје. 

267701438_247589964164475_823933252031812256_n

Факт е дека на  пауза сме како лидери и пренесуваме максимални бодови од групата-Б во плеј-офот, што само покажува дека сме квалитетен тим кој атакува на највисоките цели. Ваквиот пласман во лигата беше целта од самиот почеток, најпрвин да заминеме на пауза како лидери, а потоа имаме зацртана цел,  да ја кренеме титулата на крајот од сезоната. Есенскиот дел можам да кажам дека беше одличен, работевме напорно со новиот кондиционен тренер и секако цел стручен штаб кои не подготвувава максимално, па резултатот си дојде сам по себе. Единствено ми е жал по 11.победи по ред, дека на  крајот за жал завршивме со пораз. Сепак во спортот е нормално да се случи мал пад и секако тој пад не мотивира повеќе за следната полусезона да не се повтори истиот во плеј-офот каде што ќе има појака конкуренција.

Вардар за прв пат со овој млад тим настапи во ракометна Европа, имавме одличен настап на кој покажавме желба, квалитет за ракомет. Минавме едно коло, единствени во Македонија кој успеа да направи таков исчекор, имавме три позитивни резултати и само еден пораз на четири средби, во „Европскиот куп“, каде девојките собраа непроценливо искуство за нив.

266805487_1136999190379544_2774275856910987957_n

Несомнено, настапот во „Европскиот куп“ за нас како млад и перспективен тим  беше едно преголемо и преважно искуство. Се покажавме во најдобро светло на сите натпревари иако малку потфрливме на дуелот против тимот од  Холандија на домашен терен. Сепак смогнавме сили и концетрација и во  гости покажавме дека имаме квалитет и можеме да се соочиме со една таква екипа која можам да кажам дека е една од земјите што се на повисоко ниво кога станува збор за спортот. Имавме максимална поддршка од тренерите и беа задоволни од нас. Тоа беше едно големо искуство кое не крева на едно скалило погоре за во иднина. Во наредна прилика сигурна сум дека ќе бидеме поискусни и поподготвени да се соочиме дури и со посилни тимови како што се екипите од Шпанија , Данска..и.т.н

Трајкоска има најдобри бројки во тимот на домашните дуели од сениорската лига, пропушташе одреден број  на натпревари поради повреди. Секак без разлика на се зад своето име има  најголема бројка, младинската репрезентативка на Македонија го потврди својот квалитет на теренинте низ земјава оваа есен. 

Искрено, со оглед на тоа што доста време паузирав поради повреда можам да кажам дека сум доста задоволна. Се трудам максимално да се покажам на секоја дадена шанса и да дадам се од себе за придонес на екипата. Работам вредно и сето тоа се ефектуира во моите настапи на тимот. Исто така, со оглед на тоа што оваа сезона го немаме нашиот тренер на голмани Александар Царчев и фали неговото искуство како тренер да ни помогне,  успеваме да се снаоѓаме и да имаме добри резултати. Добри настапи имавме како  јас така и другите голманки во нашиот црвено-црн тим.

267905477_4949431201780935_8664057216713883316_n

Следни кратка зимска пауза па подготовки за пролетниот дел од сезоната, тимот ќе одмара само до после божиќ и повторно ќе биде во погон. Ги очекува долга пролет, настап во плеј-офот и започнување на Куп натпреварањето.

Во пролетниот дел очекувам да продолжиме со исто темпо како и во есенскиот дел кој е зад нас.  Посакувам и се надевам дека  ќе бидеме освојувачи на Супер лигата како и освојувачи на Купот, натпреварување во кое во последните две одиграни финалиња земавме учество. Ќе имаме доста напорни подготовки и ќе се стремиме кон најдобри резултати. Па се надевам дека ќе се видиме на врвот, завршува Трајкоска.