Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тимур Дибиров во ТОП-3 најдобри стрелци во домашната Супер лига
Тимур Дибиров во ТОП-3 најдобри стрелци во домашната Супер лига

Тимур Дибиров во ТОП-3 најдобри стрелци во домашната Супер лига

После 16 одиграни кола во машката ракометна Супер лига, Вардар се наоѓа на делба на првото место со екипата на Еурофарм Пелистер, со која имаат еднаков број на освоени бодови.

Што се однесува до листата на стрелци во домашната лига, како најефикасен се покажа Златко Хорват од екипата на Металург со 99 постигнати голови, кој на едно коло пред крајот на есенскиот дел го напушти тимот од Автокоманда. Втор е уште еден крилен играч, се работи за Реваз Чантурија од екипата на Прилеп со 87 голови, додека третото место е резервирано за играчот на Вардар, се работи за Тимур Дибиров кој има постигнато 87 голови. На високото 12 место се наоѓа Филип Талески со вкупно 67 голови.