Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ТОП-5 играчи со најголема минутажа во младинските екипи на ФК Вардар
ТОП-5 играчи со најголема минутажа во младинските екипи на ФК Вардар

ТОП-5 играчи со најголема минутажа во младинските екипи на ФК Вардар

Во следниов текст ќе ги изнесеме играчите, односно ТОП-5 листа на играчи кои имаа најголема минутажа за младинските екипи на ФК Вардар.

Кај помладите пионери, тоа е Андреј Величковски, единствен кој ги има одиграно сите 9 натпревари, од првата до последната минута.

Помлади пионери:

1. Андреј Величковски  -810 минути

2. Димитар Порчу   -766

3. Дарко Сековски   -753

4. Давор Лефковски   -696

5. Максим Краљевски  -693

Кај пионерите со овој податок можат да се пофалат двајца играчи. Тоа се капитенот Горјан Цветков и стоперот Матеј Митревски кои ги имаат одиграно сите 810 минути на натпреварите во пинерската Супер лига.

Пионери:

1. Горјан Цветков   -810

2. Матеј Митревски   -810

3. Лука Јакимовски  -736

4. Тино Спасиќ   -730

5. Александар Трајчевски   -722

Кадетите во есенскиот дел одиграа десет натпревари, а сите комплетно ги одиграа дури тројца играчи. Тука е капитенот Стефан Стојановски, потоа најдобриот стрелец на оваа екипа, Никола Величковски (2005), како и најмладиот во тимот, голманот Андреј Данстак (2006).

Кадети:

1. Стефан Стојановски  -900

2. Никола Величковски  -900

3. Андреј Данстак   -900

4. Симеон Здравковски  -898

5. Кристијан Таневски   -890

Кај младинците блиску до бројката од 900 минути беа двајца играчи, кои имаа еднаков број на поминати минути на терените.

Младинци:

1. Филип Ѓоргоски  -872 

2. Марио Ричков  -872

3. Ѓорѓи Дошев  -840

4. Гоце Јовчев   -810

5. Антонио Мирков   -789