Во новата натпреварувачка сезона во СЕХА-лигата ќе се натпреваруваат вкупно десет екипи, а познати се групите во кои се поделени екипите.
Системот на натпреварување е ист како и минатата сезона, носители во двете групи се екипите на Веспрем и Брест Мешков кои обезбедуваат директен пласман во 1/4 финалето. Вардар е во групата Б, заедно со екипите на Мотор Запорожје, Нексе и Војводина. Носител во оваа група е екипата на Брест Мешков.
Во другата група во која носител е Веспрем, се сместени екипите на ППД Загреб, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и Партизан.
Екипите кои ќе завршат на првите две позиции во групата ќе играат во 1/4 финалето, додека трето и четвртопласираниот ќе играат во 1/8 финалето, а победниите од овие натпревари за противници во 1/4 финалето ќе ги имаат екипите на Веспрем и Брест Мешков.