Од денес со тренинзи стартуваат натпреварувачките екипи во младинската школа на ФК Вардар. Генерациите 2003/04/05 и 06 ќе го имаат својот прв тренинг во новата година.
Што се однесува до тренерите на екипите, засега има само една промена. На местото на Бобан Бабунски кој не е повеќе дел од Вардар, нов тренер на младинската екипа ќе биде Милан Илиевски или популарниот Мичка кој ќе го предводи младинскиот тим во пролетниот дел од сезоната. Инаку Мичка е поранешен капитен на фудбалскиот клуб Вардар.
Саше Божиноски останува да работи со генерациите 2005 и 2006, додека Пепи Ѓоргиевски и понатаму ќе ги предводи кадетите на Вардар. Познато е дека координатор на младинската школа ќе биде Златко Таневски.