Sunday ,22 May 2022
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Познати противниците на РК Вардар во групната фаза од СЕХА-лигата
Познати противниците на РК Вардар во групната фаза од СЕХА-лигата

Познати противниците на РК Вардар во групната фаза од СЕХА-лигата

Во новата натпреварувачка сезона во СЕХА-лигата ќе се натпреваруваат вкупно десет екипи, а познати се групите во кои се поделени екипите.

Системот на натпреварување е ист како и минатата сезона, носители во двете групи се екипите на Веспрем и Брест Мешков кои обезбедуваат директен пласман во 1/4 финалето. Вардар е во групата Б, заедно со екипите на Мотор Запорожје, Нексе и Војводина. Носител во оваа група е екипата на Брест Мешков.

Во другата група во која носител е Веспрем, се сместени екипите на ППД Загреб, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и Партизан.

Екипите кои ќе завршат на првите две позиции во групата ќе играат во 1/4 финалето, додека трето и четвртопласираниот ќе играат во 1/8 финалето, а победниите од овие натпревари за противници во 1/4 финалето ќе ги имаат екипите на Веспрем и Брест Мешков.

seha-2022