Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Филип Ѓоргоски и Лео Андрески го напуштија Вардар и се преселија во Охрид
Филип Ѓоргоски и Лео Андрески го напуштија Вардар и се преселија во Охрид

Филип Ѓоргоски и Лео Андрески го напуштија Вардар и се преселија во Охрид

Играчите кои во есенскиот дел настапуваа за младинската екипа на ФК Вардар, Филип Ѓоргоски и Лео Андрески не се веќе дел од клубот. Двајцата потпишаа договор со екипата на Охрид Лихнидос која се натпреварува во втората лига-Запад.

Филип Ѓоргоски кој е дефанзивен играч потекнува од фудбалската школа „Еврофудбал“ од Охрид, а во Вардар пристигна во 2016 година преку „Јуниор Лигата“ која во тој период ја организираше Вардар. Ги помина сите младинските категории на клубот и важеше за надежен играч. Во 2020 година го имаше дебито за првиот тим, на пријателскиот натпревар со екипата на Македонија Ѓ.П. Со генерацијата 2003 во 2019 година успеа да ја освои двојната круна во Македонија.

18699399_10208766928550297_5995195580582279897_o

Лео Андрески задолжен за офанзива исто така со фудбал започнува во ФК Еврофудбал, а истата година заедно доаѓаат со Ѓоргоски во Вардар. Успешно го носеше црвено-црниот дрес освојувајќи трофеи во младинските лиги. Во месец мај 2021 година дебитираше за сениорскиот тим на Вардар.