Со подготовки за пролетниот дел од сезоната стартуваа и пионерите на ФК Вардар. Оваа генерација и во вториот дел од сезоната ќе биде предводена од Саше Божиноски. Некомплетни ќе бидат пионерите и во пролетниот дел, со оглед дека некои играчи ќе настапуваат во повозрасните генерации. Тука е пред се капитенот Горјан Цветков, како и Алтин Алији кои ќе играат за кадетите, додека Давор Серафимов ќе настапува за младинците. Ако на нив се додадат и Симеон Здравковски, Никола Величковски, Кристијан Таневски и Филип Јовановски (играат за кадети), како и Марко Стојилевски и Ѓорѓи Дошев кои и понатаму ќе настапуваат за младинската екипа на Вардар, јасно е колку оваа генерација ќе биде ослабена во пролетниот дел од сезоната. Но што е тука е, тренерот Божиноски ќе мора и со играчите кои останаа во оваа генерација да се натпреварува во продолжение од натпреварувачката сезона. Дарко Сековски и Алтин Нуредини од генерацијата 2006 се прекомандувани во пионерската екипа.
Вардар Фанс како медиум кој ги следи и известува за младите екипи на Вардар, го проследи денешниот тренинг на пионерите.