Tuesday ,11 March 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар против Беласица ќе ја има последната контрола, пред стартот на пролетниот дел
Вардар против Беласица ќе ја има последната контрола, пред стартот на пролетниот дел

Вардар против Беласица ќе ја има последната контрола, пред стартот на пролетниот дел

Фудбалскиот клуб Вардар во сабота ќе го одигра последниот контролен натпревар пред стартот на пролетниот дел во Втората Лига-Запад.

На стадионот Борис Трајковски во Маџари со почеток од 14:00 часот ќе ја пречекаме екипата на Беласица. Ова ќе биде последна контрола за шефот на стручниот штаб, Никола Глигоров, кој после подготовките во Анталија сигурно дека го има замислено тимот со кој ќе стартува за првото пролетно коло во лигата против екипата на Охрид, кое е закажано за следниот викенд.