Многу сме среќни што ќе играме дома, во вториот дел од сезоната во ЛШ. Очекуваме полна сала и голема поддршка. Мислам дека играме подобро од претходно, во добра серија сме, иако беше малку напорно со сите патувања и со напорниот распоред на натпревари. Многу добро се подготвуваме, само да го одржиме планот и мислам дека ќе биде добро.
Загреб исто така имаше голема победа, против Пик Сегед, па има легитимни надежи да се надева на победа.
„Загреб исто така е во добра форма, квалитетна екипа се, но се надевам дека ние ќе победиме. Дома очекуваме победа на секој натпревар. Знаеме дека ќе биде тешко, дека може да не излезе како што посакуваме, но од нас зависи. Знаеме и ние и Загреб за која позиција се бориме и колку се важни тие два бода. Затоа не е важно што ние сме го победиле Монпелје или тие Пик Сегед. Ако сакаш да поминеш во следната фаза мора да го победиш директниот конкурент- вели Дибиров Тимур.