Одбојкарите на Вардар победнички започнаа во премиерното коло од втората фаза, во плеј-офот во одбојкарското првенство. Варцарци го добија дерби дуелот, по четири сета славеа со 1-3 на гостински терен во Тетово.
Вистнска одобојкарска драма имаше во сите четири сета, нашите момци поведоа со 1-0 (22-25), но домашниот состав врати на ист начин (25-22) за израмнување. Следните два сета им припаднаа на одбојкарите на Вардар (25-27 и 23-25) за убедлива победа на крајот.
Скопските црвено-црни беа подобри на прием, техничарот Стошиќ ги разигра сите играчи во нападот, па петмина одбојкари имаа двоцифрен број поени, најмногу Иранецот Акбари – 20. Шкендија немаше добар прием, па попуст беше придонесот на коректорот Зеновиќ кој заврши со 31 поен.
Со новите бодови, Вардар е пред Борец на табелата, на четвртото место со скор од 7-4.