Пионерите на ФК Вардар дојдоа до победа на средбата од првото пролетно коло на домашен терен со тимот на ФК Победа од Прилеп. Црвено-црните момци остварија успех и триумфираа со резултат 1-0 (1-0) во ова воведно коло во 2022 година.
Саше Божиноски натпреварот го започна со следните 11 момци: Апостоловски Илија , Трајчевски Александар, Фидановски Зоран, Бундалески Максим, Митревски Матеј , Кулуковски Влатко, Јакимовски Лука, Спасиќ Тино, Кузмановски Михаил, Уневски Никола и Цикарски Дамјан.
Почетокот ни припадна на нас, ние имавме повеќе од поседот на топката и доминација на теренот. Сепак ова е прво првенствено коло па шансите доаѓаа малку потешко, нашите момци се обидуваа да имаат креација, сепак завршицата фалеше. Двата тима на овој дуел од супер лигата за пионери немаа конкретни прилики за гол се до 40.минута. Возбудувањата ги видовме во последните минути од првиот период, најпрвин се закани Лука Јакимовски чиј удар беше блокиран од непосредна близина и противничката одбрана ја отстрани опасноста. Се играше последната, 45.минута од овој дел, Јакимовски Лука одлично го пронајде на десниот агол од казнениот простор Зоран Фидановски, кој одлично ја прими топката и исфрли еден чувар. Со лукав удар во спротивниот агол погоди за наша предност од 1-0, судијата на овој меч веднаш по изведувањето на топката од центарот на ФК Победа по нашиот постигнат гол одсвире полувреме, ние буквално погодивме во последните 10.секунди од овој период и донесовме предност на одмор.
Вториот дел започна со наша инцијатива и прва прилика на стрелецот на голот Фидановски. Потоа Цикарски се закани кон голот на гостинот. Момците на Саше Божиноски имаа доминација на теренот во текот на целиот втор дел, ние бевме тимот кој имаше голем број на прилики, сепак дуелот заврши само со голот постигнат во 45.минута. Кукуловски се закани најпрвин, потоа две прилики имаше нововлезениот Јаневски Михаил. Нашите прилики се редеа како на филмска лента, последни закани имаа Митревски и Туша Аргон, кон голот на противникот на оваа средба на која дојдовме до три бода.
Во игра влегоа: Јаневски Михаил, Сековски Дарко, Ристовски Стефан, Радевски Филип, Туша Агрон и Нурединовски Алтин.