Од денеска на тренингот на ФК Вардар има ново лице. Се работи за младиот македонски играч Христијан Денковски. Денковски моментално е без клуб, а негов последен клуб му беше холандски Гронинген, каде што не доби шанса да заигра за првиот тим. Денковски има настапувано и за Триглав во шампионатот на Словенија. Денковски во нашата лига има настапувано за ФК Работнички.
Инаку Денковски има 21 година, има одиграно еден натпревар за селекецијата на Македонија до 21 година, а за селекцијата до 19 години има одиграно три натпревари. Останува да видиме што ќе се случи со Денковски, дали ќе остане на тренинзите на ФК Вардар оваа пролет.