Купот на Република Македонија во ракомет кај дамите ќе се игра во две фазни, во првата фаза ќе се игра во квалификациски групи, четири на број чии победници ќе обезбедат место на завршниот Ф-4 турнир. ЖРК Вардар е дел од Групата-А со тимовите на Ѓорче Петров, РК Кузман и Стружанка. Ќе се играат во исти ден најпрвин полуфинални натпревари чии победници ќе се најдат во финалето.
Победникот на целиот турнир заедно со победниците од останатите три групи ќе ја создадат најдобрата четвротка која ќе се бори за Куп пехарот на фајнал-фор турнирот кој начелно е закажан за во месец мај. Групата-А ќе се одигра во салата „Христо Батанџиев“ во Волково, домашниот терен на Ѓорче Петров во лигата. Во оваа група фаворити се Вардар и Ѓорче Петров, сепак нашиот пат до пласман на Ф-4 турнирот е далеку потежок. Имаме посилен ривал во полуфиналето, играме втори па имаме помалце одмор до финалниот дуел на теренот на ѓорчепетровки, сепак ако сакаме успех мора да дадеме 100% од себе по двата „кикса“ во лигата ни треба успех за зачувување на атмосферата. Ова се полуфиналните двојки, термините и саатниците за овој квалификациски турнир:
-Група-А, НЕДЕЛА, 20/03/2022
-ПОЛУФИНАЛЕ-1: Ѓ.ПЕТРОВ-Кузман 10:00 часот
ПОЛУФИНАЛЕ-2: ВАРДАР-Стружанка 12:00 часот
ФИНАЛЕ: Победник-1:Победник-2 19:00 часот