Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Ексклузивно интервју со Петре Завировски, атлетичарот кој 12.години е дел од Вардар

Ексклузивно интервју со Петре Завировски, атлетичарот кој 12.години е дел од Вардар

275421605_649044026207077_205949723146206554_n 

Петре Завировски пристигна во AK Вардар пред 12 години, тогаш како 16 годишно момче. Седнавме на ексклузивен разговор да разговараме за неговите 12 професионални сезони. Тој е еден од иконите на клубот со најдолг стаж. На 10 мај 2010 година, Завировски дебитираше за Вардар. Станува збор за  инпонзантна личност не само поради изгледот туку и неговиот карактер, односот кога влегува на патеката. Неговата заложба е драматична, страстна, исполнувачка и наградувачка.

.

Во сите натпреварувања има настапено 120 пати во изминатите 12 години. Помеѓу кои 2 маратони 42.195км, 3 пати од СВ Наум до Охрид во должина од 30км, 25 пати полумаратон 21.097км, 2 пати на светско првенство, 1 на европско првенство, 2 пати на балканско првенство, 4 пати маратонот во Подгорица. Зад себе има фасцинантни бројки. Три пати во кариерата трчаше полумаратон за 77 минути, 5.000 метри за 16-31, 3.000 метри за 9-32. Неговата соба е трофејна со 10 златни медали од првенствата на Македонија, 15 пати сребрен и 1 бронзен. Беше наша апсолутна привилегија да седнеме да разговараме со маратонецот кој 12 години ги брани боите на Вардар.

275608348_4854875951306621_8445624545272820251_n

Завировски кој е советот кој си го даваш себеси 12 години?

Најпрво сакам да ги поздравам вашите следачи, Вардаровото семејство и сите луѓе кои не бодрат и поддржуваат сите овие години. Да ви се заблагодарам за поканата. Апсолутно тоа е “не грижи се, се ќе биде добро”. Тоа очигледно не го знаев кога почнав како атлетичар. Немав идеја како ќе биде. Колку долго ќе можам да го правам тоа. Но особено сакав од моментот кога почнав да го правам тоа, тоа е единственото нешто што сакам да го правам до крајот на мојот работен век. Бев малку под притисок, кога имам притисок врз себе, незнам колку долго ми е дозволено, колку ќе бидам успешен, како кај секој така и кај мене случајните животни приказни се различни. Тогаш се грижев во моментите кога нема да успејам. Затоа мојот совет до мене секогаш беше: “не грижи се, се ќе биде добро”.

Што беше пресудно да продолжиш толку долго со ова?

Пробав, видов, влегов ми се допадна начинот на борба. Тоа постана храна која ме храни постојано. Пред се поради животот што претстоеше за да можам да се изборам за подобра иднина. Така ја гледав таа работа каде што самиот си препуштен на себе и самиот мораш да одлучуваш да се бориш за да одиш напред во таа животна борба. Немаше друга алтернатива, остана само безпоштедна борба до крај.

275797363_381927623478537_7134763069861088534_n

Едно нешто што би направил повторно?

Не се грижев толку многу, бев премногу фокусиран на тренингот и никогаш немаше причина да се грижам за нешто. Многу брзо стана јасно, изненадувачки за мене, дека имам талент за ова. Сакав да трчам долги патеки тоа беше планот. Но не очекував дека толку брзо ќе можам да го правам тоа на 42км. Знам дека имав добиено многу дуели на финиш, тоа беше одлично. Имаше многу добри моменти. Едно нешто што би сакал е повторно да го направам е она од полумаратонот во Подгорица.

Искуствата од минатото за иднината?

Во изминатите 12 сезони собрав многу искуства. Мотивите кои ме водеа низ годините. Периодите во кои едноставно ништо не оди. Сепак успехот е сопнување од неуспех по неуспех без да го изгубиме ентузијазмот. Кога срцето е врело, главата секогаш мора да остане ладна. Но најважно беше процесот да тече. Многу е важно да се задржи континуитетот на процесот. Не смее да има прекини во процесот. Подоцна со мали или малку поголемо корекции во пристапот резултатот ќе дојде. Во секој случај болката е конзистентна. Како што напредува нашиот фитнес левел, болката останува.

Твоите следни предизвици?

275759920_529518488505692_7811228130676301084_n

Во периодот кој следи имам збиена агенда. Започнувам на 19 март во Кавадарци на полумаратонската трка (21.097км) на 26 март ќе настапам на трката на 10км во Кочани. На 4 април одново полумаратон во Скопје. Во план ми е на 14 април настап на националното првенство на Македонија на најдолгата стадионска трка, 10.000 метри. Потоа следуваат Велигденските празници. Период кој ќе го искористам за опоравка од претходните 4 настапи. Секако подготовка за следните предизвици кои ги има и текако во претстојната сезона. Мојата форма е одлична. Задоволен сум од сработеното на тренинзите, интензитетот, обемот, брзината… се беше на добро ниво. Останува во наредните денови сработување на финеси и одиме во нов поход. Воопшто нема да биде лесно, малку сум нервозен но подготвени. Ќе дадам се од себе. Се надевам на позитивен исход. Инаку сезоната веќе ја започнав на трката на АРМ на 5км. Тоа беше една одлична контрола на моменталната форма од која сум презадоволен. Време е, одиме повторн0!

Колку поразлична ќе биде оваа сезона од претходните?

Сега имам поголема мотивација. Многу е тешко да се подобри нивото на кое сум бил но амбициите мора да се задржат. Многу сум среќен и многу задоволен што работев напорно изминатиот период но како и секоја претходна сезона треба да почнам од нула. Треба да се заборави на се што било, треба да се фокусирам на тоа што претстои. Да видам што ќе се случи до крајот и треба да бидеме паметни ако сакаме да успееме.

Полесно е да се постигне резултатот отколку да се задржи и подобрува?

Да, да многу е тешко тоа. Тешко е да се стаса до одредено ниво но уште потешко е истото да се задржи во текот на целата сезона и истото да се подобрува. Знам дека е тешко и нивото е супер. Нема да се знае до крај како ќе биде, кој ќе биде исходот на крајот од секоја трка. Ниту пак има правило дека кога трчаш добро на тренинг така ќе биде и на трката. Конкуренцијата е неверојатна како никогаш досега. Сите сакаат да трчаат побрзо и побрзо. Треба да заборавам се што се случило лани затоа што тоа е поминато и да се фокусирам на новата сезона. Да нагласам Дарио Ивановски е светска класа, многу ми е драго што има “жетва” на успеси му посакувам уште поголеми и исполнување на олимписка норма. Кога се оди со норма на олимпијада може се да се случи па и медал!

275727396_7378116908894912_8631180221210543635_n

Дали имате некаква визија за понатаму?

Кога тренираш на вакво ниво е многу тешко со околу 500 до 600 километри на месечно ниво, на тоа додадено целосно работно време во фирма и други животни предизвици и обврски. Бидејки се бориш со повеќе обврски и предизвици, навистина е тешко да се задржи фокусот на тренингот. Има периоди кога е многу ладно, 12 часа работно време, во вечерни часови треба да се собере сила за уште 90 минути или 120 минути долго трчање, на екстремно ладни услови со ветер, дожд, снег, магла… Треба да ја искористам секоја ситуација кога ми се отвара можност за добар тренинг или добра трка. Но таков е животот. Доколку биде се во најдобар ред имам доволно време, се надевам ќе биде добро. За желби има многу желби. На крајот од денот најважно е да се ужива во оваа игра, да исполнува.

Што е поважно, вистината или среќата?

Многу работи се важни во животот, тие се надополнуваат една со друга но секако вистината е најважна. Бидејки само патот на вистината до среќата не носи.

Дали имаш некои ритуали пред трка?

Немам ништо посебно. Секогаш се концентирам на она што ме очекува. Должината на патеката, ритамот, моменталната подготвеност.

273047732_365428548388425_2077526149194230680_n

Што значи долгото трчање за тебе?

Toa постана дел од мојот живот. Веќе е начин на живот и живеење. Доколку сакаме да успееме во спортот и животот мора да бидеме чесни, вредни, трпеливи, искрени, да почитуваме, да се соочиме со предизвиците, нема откажување, нема повлекување. Тоа се прави со разум и срце, со голема љубов. Од самиот почеток секој чекор кој го правам е со огромна желба да успеам во животот. Имаше подеми но и падови но никогаш не се откажав, никогаш не размислував да се откажам, откажувањето никогаш не беше опција. Доколку се навратам назад во времето од каде тргнав, каде стигнав апсолутно сум задоволен.

Дали некогаш размислуваше да го напуштиш Вардар?

Никогаш никого не изневерив, нема да го изневерам ниту мојот Вардар. Имам многу за што да се заблагодарам на колективот. Не значи дека треба да го напуштиме своето семејство затоа што снемало пари и да се преселам во друго богато семејство. Какво заедничко патување е ова. 12 години, го носев дресот на клубот во најважните и незаборавни моменти во мојата кариера. Заедно го постигнавме она за кое мислев дека е недостижно за мене. Вечно ќе бидам благодарен на клубот. Секогаш Вардар ќе биде значаен дел од моето семејство и неможам да се заблагодарам доволно за се. Тоа е семејството, никогаш не би го менувал за друго.

Дали има нешто ново на приватен план кај Петре Завировски?

263773180_1051602605382486_3148337158157520520_n

Не би сакал да го коментирам мојот приватен живот. Никогаш не сум го коментирал јавно. Тоа е моето место каде што се чувствувам среќно и безбедно, безгранично добро. Во јавноста не сакам да споделувам детали околу лугето кои ги сакам, ми значат и ме прават среќен.

Завировски ти благодариме многу на одвоеното време, многу среќа.

Ми беше апсолутна чест да разговарам со вас. Да споделиме моменти од мојата кариера за Вардар и Вардарци. Посебно драго ми е што вашиот медиум е специјализиран за Вардар и Вардаровото семејство. Секое добро, се гледаме во следна прилика!

Тоа беше разговорот со Петре Завировски. За него можеме да говориме само во суперлативи, пред се човек со огромно срце и ниту една црна дамка во кариерата. Имавме одлично интервју, се надеваме ви се допадна. Ни беше задоволство да разговараме.