Денес, сабота 19.март, лидерот на табелата во втората одбојкарска лига, екипата на ЖОК Вардар ЕМ е гостин на натпревар во Кичево.
Тимот предводен од Емилија Јаничиќ гостува во Килево, наш противник е тимот на женскиот одбојкарски клуб „Ускана“. Екипа против која сме благ фаворит, ние во есенскиот дел на домашен терен истиот ривал го совладавме со резултат 3-1.
Натпреварот од ова 13.коло во втората по квалитет одбојкарска конкуренција кај дамите е закажан во 13-30 часот во салата „Христо Узунов“ во Кичево.