Вардаровиот атлетичар, Петре Завировски настапи на 4-тиот Кавадаречки полумаратон. Со една одлична трка успеа да стигне до бронзениот медал. Ова е одличен старт на сезоната за вардарецот.
Со оглед на конфигурацијата на патеката резултатот од 1-22-22 на патека долга 21.097км е повеќе од одличен. Ако денот по утрото се познава ова ќе биде уште една фантастична сезона на нашиот атлетичар. Црвено-црното момче се наоѓа во одлична форма и веќе започна со жетвата на медали. Ова е одличен успех и за Атлетскиот клуб Вардар. Инаку оваа сезона трча со дрес со логото на Комити Запад и Вардар Фанс што ни е особено задоволство. На победничкиот подиум се појави со антологискиот дрес на ФК Вардар. Сезоната на Завировски продолжува со силен интензитет. Веќе следниот викенд можеме да го гледаме во Кочани на трката на 10км. Кариерата на Завировски добива нова димензија, многу брзо оди во нагорна линија. Ова е само почеток во кој очекуваме нови трофеи!
Завировски Петре настапот низ улиците во Кавадарци и одличното постигнување ни изјави:
Знаев дека ме очекува тешка патека. Психички бев подготвен 8 пати да ја искачам угорницата. Воопшто не ја потценив конкуренцијата. Тактички добро се подготвував, ова беше важен ден за мене. Очекував трка со многу интензитет, динамичност. Ова беше добра шанса за мене. Секогаш кога ми се укажува добра шанса мора да ја искористам. Апсолутно сум задоволен од резултатот и бронзениот медал. Добро е тоа што имав доволно време да тренирам, да се подготвувам. Ова е само втора трка оваа сезона за мене. Мора да продолжам да трчам максимално континуирано ако сакам да ги исполнам зацртаните цели. Мотивацијата е инзворедна, целосно сум подготвен. Мислам дека ќе бидам добро подготвен за наредната трка во Кочани. Имам една недела за опоравок-вели Завировски.