По подолга пауза добри вести ни пристигнуваат од таборот на црвено – црните. Кам – бек на тренинзите во оваа нова календарска година направија искусните играчи на ФК Вардар одбрамбениот играч, и капитен на тимот Златко Таневски, и играчот од средниот ред Влатко Грозданоски. Овие двајца играчи оваа полусезона не запишаа ниту еден настап поради повреди, но се очекува од март и двајцата да му се стават на Седлоски целосно подготвени на располагање.
Златко Таневски - изминатата полусезона го мачеше повреда како што е добро познато, но повредата е минато, и по подолга пауза Таневски се става во коомбинација за пролетниот дел од сезоната.
Влатко Грозданоски - Влатче исто така оваа полусезона го мачеше повреда, па не настапи на ниту еден натпревар. Но повредата за искусниот фудбалер е минато, па Влатче се наметнува како сериозна конкуренција за пролетниот дел од сезоната.