Како наближува дербито на Македонија, така и се подгрева атмосферата кај двата навивачки табори. По инфомацијата дека ,,Вардарци” и ,,Комити” се мобилизираат максимално да ја наполнат цела сала, дојде и соопштение од братските ,,Војводи”, кои најавија присуство во сабота за Вардар.
Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
Поради репрезентативната пауза, во Сабота не игра нашиот Тетекс,но затоа одиме во сала на ракометното дерби РК Вардар – РК Еурофарм Пелистер да им дадеме подршка на нашите браќа Комити и да направиме дружба и навивачко шоу!
РК Вардар – РК Еурофарм Пелистер (26.03.2022)
Почеток : 17:00
СЦ Јане Сандански
ТЕТОВО – СКОПЈЕ