Денес во Тетово, своите натпревари од 16.коло ги одиграа вардаровите кадети и младинци, кои гостуваа кај екипата на Шкендија.
Кадетите на Вардар беа поразени со резултат 4:1 (1:0). Домашната екипа успеа да го отвори резултатот во последната минута од првото полувреме и на тој начин со минимална предност да замине на одмор. Домашната екипа во 52.минута успеа да го зголеми резултатот, додека во 55.минута Вардар преку Филип Јовановски намали на 2:1, што се покажа како единствен погодок за вардарци на овој натпревар. Шкендија до крајот постигна уште два гола, во 66 и 90.минута за конечни 4:1 на овој натпревар во кадетската Супер Лига.
Вардар: Андреј Данстак, Драган Трајковски, Андреј Петровски, Кристијан Таневски, Филип Јовановски, Никола Анчевски, Горјан Цветков, Андреј Алексоски, Алтин Алији, Филип Блажевски и Симеон Здравковски.
Играа уште и Бојан Треноски, Мартин Славев, Мануел Абаз и Лука Недељковиќ.
Младинците на Вардар освоија бод во дербито со Шкендија. Домашната екипа прва успеа да го отвори резултатот со погодок во 40.минута, додека Славче Живков донесе израмнување за црвено-црните во 59.минута од натпреварот. Вардар и покрај освоениот бод, се уште се наоѓа на првото место на табелата во младинската Супер Лига.
Вардар: Лука Стојковски, Давор Серафимов, Ѓорѓи Дошев, Никола Величковски, Славче Живков, Стефан Стојановски, Дарко Трпезановски, Огнен Здравковски, Сандро Каровски, Марко Стојилевски и Нијаз Јусуфи.
Играа уште и Левент Ибраим, Филип Трајковски и Абдула Хасани.