Во рамки на 7.коло од плеј-офот во женската ракометна сениорска лига, избраниците на Драгана Ристова и Александар Царчев ги очекува ново дерби соочување.
ЖРК Вардар во скопското дерби гостува во населбата Чаир кај истоимениот женски ракометен тим. Натпреварот ќе се одигра во четврток, 31.март, дуелот во салата „07-Март“ е закажан со почеток во 20 часот и 15 минути. На вардарки им е потребна нова победа за да го задржат чекорот со водечката тројка во која се вратија по победата над Металург минатото коло.