Следниот викенд на програмата е 20.коло од втората кошаркарска сениорска лига, сите дуели освен нашиот во ова коло се овој викенд.
Во оваа 20.рунда црвено-црните избраници на Јованчев Александар се домаќини на тимот од Битола, екипата на Хераклеа.
КК Вардар ќе ги пречека битолчани во идната среда (6.април, 2022 година) со почеток во 15-00 часот.
На дуелот кој ќе се одигра во малата сала при Спортскиот центар „Кале“ во Скопје за судии се делегирани следните тројца: Н.Јакимовски, Б. Јакова и К.Кестев К.