Во првата одбојкарска лига кај дамите се одигра Втора фаза (5.коло) во групите 1 и 2, односно во групата за титула и групата за опстанок каде што игра ОК Вардар Жени 2019. Вардарки во оваа рунда се сретнаа со тимот на Универзитет во Тетово, црвено-црните дами како гостинки дојдоа до победа.
Вардарки триумфираа со максимални 0-3 на оваа средба, поведоа со 0-1 по победата во првиот сет со 20:25, следеа два сета во кој имавме значајно помал отпор и ги добивме со 14:25 и 15:25 за маскимална победа на ова гостување. Моментално имаме 6.победи на своето конто и сме на 2.позиција во групата во која трагаме по останување во елитата.
Прва лига (жени), Втора фаза-1 (5.коло)
Наковски волеј – Работнички Скопје 1:3 (26:24, 19:25, 20:25, 8:25)
Струмица жени – Јанта волеј КВ 1:3 (19:25, 25:20, 17:25, 21:25)
ТАБЕЛА:Работнички (18-1), Наковски волеј (13-6), Јанта волеј (13-6), Струмица жени(10-9)
Прва лига (жени), Втора фаза-2 (5.коло)
Универзитет во Тетово – Вардар жени 0:3 (20:25, 14:25, 15:25)
Фит фан волеј – Пелистер волеј 3:0 (25:23, 25:20, 25:22)
ТАБЕЛА:Фит фан волеј (7-12), Вардар жени (6-13), Пелистер волеј (5-14), Универзитет воТетово (4-15)