Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Македонија У18 го освои 2.место на силниот меѓународен турнир во Португалија
Македонија У18 го освои 2.место на силниот меѓународен турнир во Португалија

Македонија У18 го освои 2.место на силниот меѓународен турнир во Португалија

Изминатиов период, фудбалската репрезентација на Македонија до 18 години учествуваше на силен меѓународен турнир во Португалија.

Македонија го освои второто место на турнирот, во конкуренција на Португалија која заврши на првата позиција, потоа Словачка како трети и Грузија на четвртото место.

На овој турнир, Македонија одигра два натпревари со резултат 0:0. Тоа беше во рамките на 1. и 3.коло кога за противници ги имавме репрезентациите на Совачка и Грузија, додека бевме поразени од репрезентацијата на Португалија.

Единствениот вардаров играч во составот предводен од Неџат Шабани, беше Марио Ричков кој на два натпревари ги одигра сите 90 минути, додека против Грузија помина 45 минути на теренот.

Вчера, нашите надежи имаа можност да присуствуваат на натпреварот на Македонија против Португалија, за пласман на СП во Катар, на кој за жал како победник излезе португалската репрезентација.