Викендов ќе заврши групната фаза кај девојките во младинската ракометна конкуренција, на програмата е 6.коло, воедно и последно од Групата-А каде што играат избраничките на Ристова Драгана и Александар Царчев.
Во оваа рунда со младинките на ЖРК Вардар сме домаќини на РК Струма од Струмица, влегуваме како апсолутен фаворит во овој натпревар со максимални 15.бода до сега. Дуелот е закажан за сабота (2.април,2022),средбата која ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје е закажана со почеток во 15-00 часот. Вардарки веќе одамна имаат обезбедено пласман на завршиот Ф-4 турнир, единствено останува да соберат максимални 18.бода од групата-А.