После паузата поради настапите на македонската репрезентација за пласман на СП, од претстојниов викенд се враќаат националните првенства.
Во рамките на 21.коло во Втората Лига-Запад, Вардар е домаќин на екипата на Кадино. ФФМ за главен судија го делегираше Дарко Котевски од Битола, додека негови помошници ќе бидат Јовче Кокевски и Владимир Митревски, исто така од Битола.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 15:00 часот на стадионот Борис Трајковски во населбата Маџари.