Кадетите на Вардар денес ја пречекаа екипата на Работнички, на дуел на домашен терен бевме поразени со резултат 0-4 (0-0).
Вардар започна со овие 11: Данстак, Петровски, Јовановски, Цветков, Алексоски, Таневски, Алији, Абаз, Анчевски, Здравковски и Недељковиќ.
Тргнавме одлично се боревме за секоја топка и успеавме да се заканиме први. Прв обид имаше Aлији за црвено-црните кадети, веднаш потоа удар кон голот на гостинот упати и Филип Јовановски. Работнички се обиде со два удара надвор од казнениот простор, нашиот голман Данстак Андреј беше сигурен на голот. Анчевски се закани со удар од 20.метра, неговиот шут мина крај голот. Во последните 5.минути пропуштивме две неверојатни прилики. Aлији од 5 метра шутна силно во голман на гостинот. Јовановски во последната прилика изби сам со голманот и од 10.метра шутна силно, за жал над гредата. На одмор на овој кадетски дуел заминавме со почетниот резултат, 0-0.
Вториот дел започна со прилика за гостинот и одбрана на нововлезениот голман, Филевски. Ние повторно имавме одлична шанса преку Aлији, но не отворивме. Стигна казна за големиот број на промашувања, во 56 и 59.минута ривалот успеа да погоди и поведе со 0-2. По овие два брзи погодоци во нашата мрежа како да изгубивме мотивација за надигрување, противникот успеа да влезе во ритам постигна уште два погодока и не совлада со резултат 0-4.