Вардар со нерешен резултат ги заврши настапите во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите. Вечерва се одигра реваншот во Веспрем, натпревар кој заврши со нерешен резултат 31:31.
Вардар имаше само едно и единствено водство на натпреварот, и тоа во првата минута кога Дибиров го отвори резултатот. Домашната екипа благодарение на две одбрани на Коралес поведе со 4:2, додека по 11 минути игра имаа три гола разлика, откако Ненадиќ зголеми на 6:3. Светла точка во нашиот состав беше Мартин Томовски кој по првиот дел имаше 6 успешни интервенции. Веспрем го контролираше резултатот и постојано беше во предност од 3-4 гола разлика. Ние на моменти стигавме до два гола негатива, но противникот пред крајот на првиот дел имаше и највисока предност од 6 гола. На полувреме се замина со резултат 18:13.
Веспрем ја одржуваше позитивата од пет гола разлика и после 40 минути игра. На голот се разбрани и Цупара, откако му одбрани пенал на Стоилов, додека шанса за нас на голот доби и младиот Гогов кој веднаш стигна до одбрана. Со голот на Тото во 47 минута, Вардар успеа да намали на три гола разлика (26:23). Гогов ги користи минутите на теренот и веќе ја забележа четвртата одбрана, а домашниот тим се уште одржуваше предност од 3-4 гола разлика. Благодарение на осум веќе одбрани на Гогов, Вардар се врати во натпреварот и со голот на Додиќ го израмни резултатот на 29:29 на три минути пред крајот. Вардар се избори за нерешен резултат 31:31, но не доволно да се продолжи понатаму.
Вардар на тој начин ги заврши настапите во ЛШ за сезонава. Најефикасни кај нас беа Моралес со шест и Кевин Њокас со пет голови, додека Гогов имаше осум одбрани.