Фудбалскиот клуб Вардар ќе биде организатор на силен младински меѓународен турнир, на кој ќе се натпреваруваат шест екипи. Се работи за турнир на кој ќе настапат играчи до 14 години, на кој покрај Вардар учество ќе земат и Партизан, Црвена Ѕвезда, Хајдук, Марибор и Левски Софија.
Турнирот ќе се одржи во периодот од 26-29.мај на комплексот во населбата Хиподром и на терените на ФФМ. Целта е „Вардар Куп Скопје“ да прерасне во традиција, турнир на кој ќе учествуваат и поголем број на реномирани екипи од Балканот.