Претстојниов викенд на програмата е 3.коло во регионалната Скопска лига, во кое Вардар ќе гостува кај екипата на Шкендија.
Се работи за дерби во ова натпреварување, на кое вардаровите екипи ќе се обидат да го продолжат максималниот ефект остварен по првите две кола, откако бевме подобри од екипите на Аеродром и Кул.
Натпреварите се закажани за сабота (09.04) на игралиштето во с.Порој со почеток од 10:00 и 12:00 часот.