Викендов на програмата во втората машка сениорска кошаркарска лига е 21.коло, во истото избраниците на Александар Јованчев гостуваат кај лидерот на табелата, во скопската населба Чаир.
КК Вардар задутре, недела (10.април.2022) ќе гостува кај тимот на КК Чаир 2030, тим кој е осамен на врвот на табелата во втората по квалитет лига во земјава. Дуелот кој ќе се игра во салата “Шабан Трстена” -Скопје е закажан со почеток во 21-00 часот. За оваа средба се делегирани следните судии: В.Цветаноски, С.Митев и С.Ристовски.