Помладите пионери на ФК Вардар денес на домашен терен ја пречекаа екипата на ФК Скопје, на дуел на кој ние доминиравме дојдовме до победа со резултат 10-0 (6-0). Вардарци доминираа во сите аспекти на фудбалската игра.
Тренерот Јанев започна со следниот состав: Краљевски Максим, Николов Михаил, Ајетовиќ Нуман, Миовски Александар, Алексовски Дамјан, Крстевски Дамјан, Танчев Михаил, Величковски Андреј, Алији Алтин, Гаштаров Матеј и Николовски Марко (К).
На почетокот тргнавме силовито, со сите сили со цел да погодиме на самиот почеток. На сцена стапи Алији Алтин, кој во 9.минута погоди за 1-0. По две минути истиот играч во 11.минута донесе високи 2-0. Нашиот играч кој од утре ќе се придружи на мак.селекцијата, Алији Алтин продолжи со своето шоу, тој погоди уште два пати до 20.минута за високи 4-0. Доминиравме максимално па 25.минута водеме со 6-0. Петтиот погодок за нас го погоди капитент Николовски Марко, а за високи 6-0 кои подоцна се покажаа како конечни за првиот дел стрелаше со волеј Гаштаров Матеј. До крајот имавме неколку прилики, во три наврата се закани Танчев, Николов имаше два обида за погодок и уште еднаш Гаштаров. Сепак заминавме на одмор со 6-0, резултатот кој беше поставен во 25.минута.
На самиот почеток на вториот период Јанев смени неколку играчи, освоен голманот Данстак цела клупа доби прилика. Во игра влегоа: Хасиќ Мирза, Ѓорѓиевски Матеj, Анастасов Матеј, Цониќ Максим, Цековски Давид и Брзаковски Ангел.
Сепак не се загуби ритамот и ние и понатака бевме тимот кој диктира темпо и погодува на оваа средба. Продолживме шанси и погодоци, во вториот дел погодивме уште три пати за висока победа над „фенерџијата“ во лигата со 9-0. Капитенот на нашиот тим Николовски Марко најпрвин зголеми на 7-0 во 56.минута, потоа Величковски Андреј во 63.минута стрелаше за 8-0. Предпоследниот гол за нас и воедно и третти за него донесе 9-0 во 75.минута, со овој гол Николовски. Со гол за 10:0 Брзаковски стави печат на победата над тимот на ФК Скопје.