Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нови правила? Во Гостивар смешни судиски одлуки на штета на Вардар! (ФОТО)
Нови правила? Во Гостивар смешни судиски одлуки на штета на Вардар! (ФОТО)

Нови правила? Во Гостивар смешни судиски одлуки на штета на Вардар! (ФОТО)

Навистина ова ги премина сите граници. Одново судиска лакрдија на штета на Вардар овој пат во Гостивар, а главен виновник за тоа е главниот судија Влатко Илиоски од Прилеп.

Најпрвин беше досуден никаков пенал за домаќинот за 1:1, а потоа беше достигнат и врвот. При напад на Вардар за веројатен погодок, линискиот судија досуди офсајд, а еден противнички играч на домаќините беше неколку метри поназад, што можете да видите и на фотографијата.

Навистина жално!