Македонската фудбалска репрезентација до 16 години се наоѓа во Стара Пазова (Србија) каде претстојниве денови ќе настапи на меморијалниот турнир, „Миљан Миљаниќ“ , на кој покрај нашата репрезентација ќе учествуваат уште и соодветните селекции на Црна Гора, Србија и Ирска.
За овој турнир, селекторот на Македонија У16, Вујадин Станојковиќ, повика четворица играчи од Вардар. Дарко Сековски, Алтин Алији, Нуман Ајетовиќ и Стефан Младеновски ќе ги бранат боите на Македонија на турнирот во Србија.
Првиот натпревар ќе го одиграме денес со почеток од 13:00 часот против репрезентацијата на Црна Гора, додека на вториот натпревар ќе се соочат репрезентациите на Србија и Р.Ирска. Победниците од овие натпревари ќе играат во големото финале, додека поразените за третото место на овој меморијален турнир.