Нашиот атлетичар, Петре Завировски во недела со почеток во 10-45 часот на националната арена Филип Втори Македонски ќе настапи на најдолгата стадионска трка 10.000 метри.
Натпреварот е од категорија А, национални првенства. На истото има пријавено 36 атлетичари. Конкуренцијата е многу силна. Членот на АК Вардар е ставен групата со силен квалитет. Најдобар резултат на Завировски на 10.000 метри е 35-47 поставен веќе далечната 2014 год. Со оглед на сегашната форма на вардарецот можеме да очекуваме напад на овој резултат.
Трча инзворедно добро периодов. Неговата форма оди во нагорна линија. Па ајде време е за нов личен рекорд на вардарецот.