Вчера, македонскиот селектор на женската ракометна репрезентација Љубомир Савевски го објави списокот со 19 ракометарки кои ги повика за претстојниот двомеч со Норвешка во рамките на ЕХФ Еуро-купот 2022. Собирот на репрезентацијата е на 18 април во хотелот „Александар Палас“, а мечевите се на програмата на 21 април во Скопје, односно на 24 април во Бекестуа.
Од тимот на Вардар повикани се: Сара Миновска, Џатевска Ивана и Бојана Коцева.