Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Повторно повик за Марио Ричков, Македонија У18 ќе „тестира“ со Турција
Повторно повик за Марио Ричков, Македонија У18 ќе „тестира“ со Турција

Повторно повик за Марио Ричков, Македонија У18 ќе „тестира“ со Турција

Играчот на ФК Вардар, Марио Ричков, повторно доби повик од селекторот Неџат Шабани за настапите на Македонија У18, која во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Турција.

Истите ќе се одиграат на трениг центарот „Петар Милошевски“ на 20.04 и 22.04 со почеток од 16:00 часот.

Марио Ричков кој во пролетниот дел бележи настапи за сениорската екипа на ФК Вардар е единствениот вардарец кој ќе ги брани боите на Македонија на овие контролни дуели против Турција.