Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар против Њу Старс, во рамките на 19.коло во младинската Супер Лига
Вардар против Њу Старс, во рамките на 19.коло во младинската Супер Лига

Вардар против Њу Старс, во рамките на 19.коло во младинската Супер Лига

За претстојниов викенд кој следи продолжуваат натпреварите во младите фудбалски лиги. На програмата е 19.коло во кое Вардар за противник ќе ја има екипата на Њу Старс.

Пионерските екипи во сабота се домаќини на Њу Старс, натпревари кои ќе се одиграат на спортскиот комплекс во населбата Хиподром. Истите ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Во недела на стадионот во Ѓорче Петров, своите натпревари во кадетската и младинската Супер Лига ќе ги одиграат екипите на Њу Старс и Вардар. Натпреварите ќе започнат од 12:00 и 14:00 часот.

Со нова победа, помладите пионери би направиле уште еден голем исчекор кон освојување на трофејот, додека бодовите се неопходни и за младинците. Секако и нашите пионери и кадети се борат за што подобар пласман на табелата, па сигурно дека и на овие натпревари ќе атакуваме на бодови.