Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија одигра нерешено со Чешка, вардарците постигнаа половина од головите
Македонија одигра нерешено со Чешка, вардарците постигнаа половина од головите

Македонија одигра нерешено со Чешка, вардарците постигнаа половина од головите

Актуелни се натпреварите за пласман на Светското ракометно првенство, а Македонија е блиску до пласман на нов мундијал.

Иако можеше да биде и многу подобро од конечниот резултат (24:24), сепак предноста на нашата репрезентација во реваншот ќе биде домашниот терен. Избраниците на Кирил Лазаров вчера гостуваа во Злин кај репрезентацијата на Чешка, на првиот бараж натпревар за пласман на СП.

Во најголем дел од натпреварот имавме предноста и контрола на резултатот, додека домаќинот постојано „бркаше“ негатива и заостануваше зад нас. На полувреме имавме водство од 10:13, а серијата продолжи во вториот дел кога со четири голови во серија се одлепивме на високи 10:17. Тука изгледаше дека го имаме натпреварот во раце и дека ќе стигнеме до триумф со солидна разлика. Така беше и при резултат 16:22, но работите почнаа да излегуваат од раце. Упорната Чешка благодарение на расположениот голман како се ближеше крајот на натпреварот, постојано ја намалуваше нашата предност, ние влеговме во период без постигнат гол, па на крајот Чешка со голот на Кашпарек успеа да израмни и да ги постави конечните 24:24.

Најефикасен во нашите редови беше вардаровиот играч, Филип Талески, кој постигна 5 голови, Гоце Георгиевски имаше 4, додека Стојанче Стоилов запиша 3 гола.

Бараж натпревар за пласман на СП играше и репрезентацијата на Србија, во чиј состав се најде Дарко Ѓукиќ. Србите се многу блиску до пласман на едно големо натпреварување, откако ја победија Словенија на гостувањето во Целје со резултат 31:34.

И на овој натпревар Србија доминираше имаше на полувреме предност од 16:20, а во вториот дел и големи седум гола разлика (19:26). Сепак словенците се погрижија до крајот да го ублажат поразот и се уште да се надеваат дека можат да се пласираат на СП.

Единствениот вардарец на овој дуел, Дарко Ѓукиќ, забележа настап и постигна еден гол.