Младинците на РК Вардар 1961 по воведниот пораз во првата рунда од пролетниот дел ќе имаат шанса викендов за да забележат прв успех во 2022 година. На програмата vo групата-А каде што се натпреваруваме е 5.коло.
Избраниците на Пепи Манасков во оваа рунда ќе гостуваат кај градскиот ривал, екипата РК Пролет 62. Дуелот е закажан за сабота (16.април), натпреварот во салата „Македонско Сонце“ во Скопје ќе започне во 18-00 часот.