Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го одигра првиот натпревар против Чешка, за пласман на Светското првенство.
Селекторот Кирил Лазаров го објави составот за денешниот натпревар со Чешка. На него се најдоа и пет играчи од редовите на Вардар. Тоа се голманот Мартин Томовски, потоа Стојанче Стоилов, Филип Талески, Гоце Георгиевски и Марко Мишевски.
Дуелот во малата сала „Датарт“ се игра вечерва од 20:15 часот, а сите билети се распродадени за овој натпревар во Злин.