Sunday ,08 June 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Две победи за пионерките на Жрк Вардар, во првото коло на турнирот “Вардар,еден живот, една љубов“
Две победи за пионерките на Жрк Вардар, во првото коло на турнирот “Вардар,еден живот, една љубов“

Две победи за пионерките на Жрк Вардар, во првото коло на турнирот “Вардар,еден живот, една љубов“

Пионерките на Жрк Вардар предводени од Драгана Пецевска-Ристова забележаа две победи на стартот на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“. Оваа генерација родени 2002/2003 година се натпреварува со две свои екипи.

Рк Вардар Јуниор во првото коло беше убелдви против тимот на Рк Кастратовиќ Вардар. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 6:21. Уште по првото полувреме беше решено, кој ќе ги освои првите бодови на отварањето на турнирот, кога на пауза се замина со резултат 3:12. Добрата одбрана на нашите млади надежи во овој дел, го решија победникот. Почнавме со предност од 0:5, противникот првиот гол го постигна во 8 минута. До крајот на првиот дел само ја зголемувавме предност.

Веднаш на стартот на второто полувреме, имавме за прв пат двоцифрена предност. Ништо ново не се случуваше до крајот на натпреварот, црвено-црните доминираа на теренот, што резултираше со убедлив триумф. Ангела Гроздановска постигна 6 и Стефанија Лазаревска 4 голови.

Рк Вардар Јуниор: Крстевска 3, Гроздановска 6, Станчева, Лазаревска 4, Коцевска 2, Ангелковска 1, Петковска 4, Миленковска 1.

Рк Вардар исто така беше убедлив на стартот на турнирот. Совладана беше екипата на Рк Ново Лисиче, со резултат 27:5. Се што успеа противникот да стори е да го изрмани резултат на 1:1 на самиот почеток. До крајот на првото полувреме, ние постигнавме дури 14 погодоци, а Ново Лисиче само 1. Така на полувреме резултатот гласеше 15:2.

Во второто полувреме нова наша серија од 8:0, за веќе највисоки во тие моменти 23:2. Последните пет минути беа чиста рутни за избраничките на Пецевска, кои ја наполнија мрежата на Лисиче. Во победничката екипа највеќе се истакна Јана Донева, која постигна 6 голови. Ангела Костовиќ беше втор стрелец со 5 погодоци.

Рк Вардар: Донева 6, Талевска 4, Наскоска 4, Костовиќ 5, Дамјановска 2, Ѓоргиевска 4, Миновска 1, Арсова 1, Трајковска.